АстраЗенека ја почитува одлуката на Германија да ја ограничи употребата на нејзината вакцина
Компанијата АстраЗенека соопшти дека ја почитува одлуката на Германија да ја ограничи употребата на нејзината вакцината против коронавирус – но повтори дека други здравствени тела ја сметаат вакцината за безбедна.
– Ја почитуваме одлуката донесена од СТИКО [Постојаниот комитет за вакцинација] во нивниот советодавен капацитет за употреба на вакцини во Германија. Безбедноста на пациентот останува најголем приоритет на компанијата, изјави денеска претставник на британско-шведската фармацевтска компанија за агенцијата ДПА.
Компанијата додава дека истрагите на британските и европските регулатори за вакцини „не биле во можност да воспостават каузална врска меѓу вакцината и случаите на коагулација”.
АстраЗенека соопшти дека Европската агенција за лекови (ЕМА) во својот преглед утврдила дека нема поврзаност меѓу вакцината и згрутчување на крвта, но понатамошната анализа е „заслужена”.
– Регулаторните тела во Велика Британија, Европската унија и Светската здравствена организација заклучија дека придобивките од користењето на нашата вакцина за заштита на луѓето од овој смртоносен вирус значително ги надминуваат ризиците кај сите возрасни групи, соопшти компанијата.
Профилот за ризик и корист од вакцината беше потврден во месечното ажурирање на безбедноста на вакцините од страна на ЕМА објавено вчера, додава компанијата.
Ново на Сител
-
Трамп: Близу сме до договор за крај на војната во Газа и ослободување на заложниците
-
Успешна спасувачка мисија на Водно, две лица безбедно пронајдени и евакуирани
-
Најмалку 10 лица загинаа, а над 430.000 жители на Филипини се евакуирани поради тајфунот Буалој
-
Масовен протест во ОН: Околу сто делегати ја напуштија салата на почетокот на говорот на Нетанјаху
-
Шеќеринска: НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во БиХ
-
Гаши: Бошњаците се значајна карика за нашата држава
-
Исчезнат полски државјанин на Водно, активирани тимови за потрага и спасување
-
Алиу: Немам информација дека овошјето и зеленчукот од Трубарево не треба да се јадат