Аспиринот ќе се тестира како можен лек за третман на пациенти со коронавирус
Аспиринот, широко распространет лек кој се користи и како лек за спречување тромбоза, ќе биде тестиран како можен лек за третман на пациенти со Ковид-19 во едно од најголемите испитувања во Велика Британија.
Пациентите заразени со новиот коронавирус имаат зголемен ризик од формирање на тромбози односно згрутчување на крвта поради хипер-реактивни тромбоцити.
Аспиринот е антитромботичен агенс кој може да го намали ризикот од згрутчување на крвта, објавено е на веб-страницата www.recoverytrial.net
„Постојат јасни причини за поддршка на тезата дека аспиринот може да биде корисен, а покрај тоа е безбеден, ефтин и широко достапен“, вели Питер Хорби, коавтор на студијата.
Најмалку 2.000 случајно избрани пациенти треба да примаат 150 милиграми аспирин дневно со вообичаен режим на лекување.
Податоците за опоравување на овие пациенти ќе се споредат со податоците на најмалку 2.000 други пациенти кои ќе добијат друга терапија за Ковид-19.
Другите терапии што се тестираат вклучуваат обичен антибиотик азитромицин и коктел со антитела на компанијата „Регенерон“ што се користи за лекување на симптоми на Ковид-19 какви што имал американскиот претседател Доналд Трамп.
Ново на Сител
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Новаци, Могила и Битола
-
Предизборен карван на СДСМ во Дебарца, Вевчани, Струга и Охрид
-
Тема на денот со Горан Герасимовски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Општина Центар
-
Преглед на вестите од светот
-
Одобрено обвинението за пожарот во Пулс
-
Сопствениците на диви депонии во Вардариште седнаа на обвинителна клупа
-
Ветувања од власта: Поширок булевар во Чаир, чист Центар, стипендии за повредените во Кочани
-
Шукова ќе го воведе БРТ системот за поефикасен градски јавен превоз