Македонија
7. December 2018 - 9:36

Асфалтирано училишното повеќенаменско игралиште во Ранковце

Асфалтиран е теренот на училишниот двор во основното општинско училиште “Христијан Тодоровски-Карпош” во општина Ранковце, со што површина од околу осумстотини метри квадратни е наменета за спортски активности на учениците и дечињата од општината.
 
-Иницијативата за асфалтирање на теренот беше на градоначалникот Ивица Тошевски, со кој недвојбено решивме дека простор за спорт и рекреација во склоп на училишниот двор, покрај самата спортска сала, ќе биде повеќе од добредојден. За асфалтирањето издвоивме средства од сопствениот буџет на училиштето, а теренот покрај за реализација на настава на отворено за учениците, се надевам ќе послужи за сите љубители на спортот од општината, за сите спортови. Ние сме со една единствена  цел-промоција на спортот и здравиот начин на живот, градење здрави животни навики кај младите, изјави Христина Младеновска, директорка на ООУ „Христијан Тодоровски-Карпош”.
 
Поставени се и заштитни огради со мрежа околу теренот и направени се трибини, а Младеновска најави дека во наредниот период ќе се изврши набавка на реквизити и монтажа на потребната опрема за целосно комплетирање на спортскиот сегмент на теренот.