Македонија
11. November 2016 - 11:02

Асфалтирана улицата и мостот на „Ѓорѓи Капчев“ во Горно Лисиче

По целосна реконструкција на водоводната мрежа на улица „Ѓорѓи Капчев“ во Горно Лисиче, деновиве заврши нејзино асфалтирање и е пуштена во употреба.

Улицата „Ѓорѓи Капчев“, како што информираат од Општина Аеродром, се реконструираше на потегот од улицата Горно Лисиче, до црквата „Свети Ѓорѓија“ во должина од еден и пол километар со широчина од шест метри на површина од 9.000 квадратни метри. Покрај улицата, како што информираат од општина Аеродром, изграден е и тротоар со широчина од еден метар.

Мостот е изграден во должина од 10 метри, а широчина од 8 метри, вклучува две коловозни ленти и тротоари од двете страни и заштитна метална ограда, со тоа е целосно реконструиран и е прооден за сообраќај.

Од Општината наведуваат дека со реконструкцијата се очекува да се подобрат условите за живот, но и безбедноста во Горно Лисиче.