-->
-->
Асфалтирана улицата Даме Груев во Русиново
-->

Асфалтирана e улицата „Даме Груев“ во беровско Русиново во должина од 280 метри со што им се реши проблемот на жителите кои живеат во овој дел во Русиново.
Од општина Берово информираат дека асфалтирана e улицата во делот кој почнува од раскрсницата со улицата „Јане Сандански“. Инаку, улицата е со ширина од 3,5 метри со асфалтен слој БНХС16 со дебелина од 7 сантиметри, а од двете страни на улицата се поставени и банкини со широчина од 0,5 метри.
Исто така, од општина Берово информираат дека претходно на овој дел од улицата е извршена промена на водоводната линија и замена на старите поцинкувани цевки со ново полиетиленско водоводно црево.
Проектот е дел од поголемиот пакет проекти кои општина Берово, освен со средства од Буџетот на општината ги работи и со поддршка на Светската банка. Во рамките на овој пакет на проект се реализираат уште два градежни зафати, изградба на горниот дел од улицата „Маршал Тито“ во Берово кој е веќе во завршна фаза и изградба на градски пазар во Берово за што е во тек тендерска постапка за избор на изведувач.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Реактор истражување: Кој се грижи за мајчинството, менталното здравје и невидливиот товар на очекувањата?
-

Власта и опозицијата со нови обвинувања за притворот на Груби
-

Сад и Израел го нападнаа Иран
-

Амбасадата со поддршка за граѓаните
-

Анализа на нападот и одмаздата
-

Македонци од Доха и Дубаи за Сител: Слушнавме експлозии, но засега е мирно
-

Анализа со домашни експерти: Очекувани ли беа нападите меѓу САД и Иран?
