-->
-->
Асенсио со нова плата во Реал Мадрид
-->
Раководство на Реал Мадрид му ја зголеми годишната плата на Марко Асенсио од 3,5 на 4,5 милиони евра.
Во новиот договор на еден од најталентираните играчи на европскиот и шпански првак има и откупна клаузула според која, оној кој ќе сака да го купи Асенсио ќе мор ана Реал да му плати неверојатни 500 милиони евра.
На овој начин Реал си го обезбеди на подолг рок Асенсио кој прикажува одлични игри во „кралскиот клуб“ и во дресот со националниот бои на Шпанија.
Асенсио има 21 година, во Реал дојде од Мајорка во 2014 година, а следните две сезони настапуваше за Мајорка и Еспањол како позајмен играч. Има три настапи за сениорската репрезентација на Шпанија и беше еден од најдобрите во селекцијата до 21 година на ЕП 2017.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Една година Влада - отчет на премиерот Мицкоски
-
Бугарија го спори извештајот на ЕП за Македонија, Георгиев вели дека нема тежина
-
Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-
Годинава се очекуваат околу 24 милиони килограми тутун, неизвесно дали и сега ќе се откупува само во прва класа
-
Извештајот за Македонија утре на втор обид за гласање, Вајц не сака да го коментира исходот предвреме
-
Ново поскапување на дизелот, за една недела поскапе за 7 денари
-
Синдикатот на Клинички против решението на Алиу дел од вработените на клиниките да паркираат надвор од кампусот „Мајка Тереза”
-
СДСМ обвинува за блокада