Асанж: Компанијата ангажирана од Трамп побара помош од Викиликс

Компанијата за собирање податоци која работеше за изборниот штаб на Доналд Трамп побарала соработка од Викиликс, потврди основачот на оваа веб- страница, Џулијан Асанж.
Асанж со тоа го потврди извештајот на американскиот портал Дејли Бист дека директорот на компанијата за собирање на податоци, „Кембриџ аналитика“, Александар Никс го контактирал Асанж за да побара ослободување на 33.000 исчезнати имејлови на поранешната државна секретарка и ривалка на Трамп на претседателските избори, Хилари Клинтон, пишува „Гардијан“.
- Можам да потврдам дека бевме контактирани од „Кембриџ Аналитика“ (пред ноември минатата година) и можам да потврдам дека Викиликс тоа го отфрли, напиша Асанж на Твитер.
Според Гардијан, Асанж не напишал што точно се барало од Викиликс, вели Гардијан.
Извештајот за врските на изборниот штаб на Трамп со компанијата „Кембриџ Аналитика“ и потезите кон Викиликс доаѓаат во моменти кога беше лиферувано во јавноста дека Хилари Клинтон и Демократскиот национален комитет на демократите, во текот на неколку месеци минатата година, плаќале истражување кое резултираше со контроверзен извештај за наводните врски на Трамп со Русија. и
Ново на Сител
-

Потпишан меморандум за соработка
-

Прв академски час на УГД - обpаќање на премиерот до бруцошите
-

Прв академски час на АУЕ-ФОН
-

Прв академски час, но и први студентски предизвици
-

Вештакот на Јованов тврди: „Пулс“ не бил реконструиран, туку само ентериерно уреден
-

Уапсени 20 лица во акцијата во Прилеп
-

Продолжува судењето за Пулс
-

Филипче: Собранието да го донесе законот за 600 евра минималец
