Асад ќе бара отштета од САД за кражбата на сириска нафта

Сирија планира пред Обединетите нации да го покрене прашањето за кражбите на сириска нафта и да побара отштета од САД, изјави сирискиот претседател Башар ал-Асад во интервју за РИА Новости.
Истовремено тој ОН ги оцени како „полудржава, контролирана од бандитски групи и формирана врз принципот на сила”.
-Јас, Вие и многу луѓе низ светот знаеме дека ОН не постои, затоа што нема меѓународно право. (…) Ние ќе испратиме поплаки, но тие ќе останат по рафтовите, додаде сирискиот лидер.
Околу 90 отсто од производството на сириска нафта е сконцентирано на источниот брег на реката Еуфрат, што претходно беше јадрото и главниот извор на приходи за терористите од Исламска држава. Во овој период од конфликтот регионот е под контрола главно на сојузниците на САД, пред се, на курдските Сириски демократски сили (СДС).
Претходно портпаролот на Пентагон изјави дека приходите од сириската нафта ќе одат за СДС, а не за САД, а министерот за одбрана Марк Еспер додаде дека САД ќе ги бранат нафтените наоѓалишта во регионот што беше под контрола на Исламска држава.
Официалните сириски власти во Дамаск не ги признаваат барањата на Курдите за автономна администрација во северна Сирија и активнстите на САД и СДС ги оценуваат како агресија врз земјата.
Москва смета дека активностите на Вашингтон го отежнуваат постигнувањето мировен договор во Сирија и создаваат „дополнителни дразнења“ во конфликтот.
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров претходно забележа дека САД се обидуваат да создадат „квазидржава“ во северна Сирија.
Руското Министерство за одбрана пресметало дека САД од сириската нафта месечно заработуваат околу 30 милиони долари.
Ново на Сител
-

Официјално: Искра Хаџи Василева победи на денешните избори
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово
