Артман: Сребреница и натаму е мртва точка
Поранешниот портпарол на Хашкиот трибунал Флоренс Артман оцени синоќа дека Сребреница и натаму по 21 година претставува една од најголемите злосторства за време на војната на просторот на поранешна Југославија и покрај сите сознанија и информации и натаму е мртва точка.
Таа истакна дека и покрај тоа што Сребреница некои веќе ја сметат за „досадна“ тема, таа и натаму е присутна, затоа што не е решена, „бидејќи во спротивно поранешните републики на Југославија и Европа би тргнале понатаму, а сите заедно и намату не сме извекле никаква поука од крвавиот 20. век“.
- Сега и во Европа чувствуваме говор на омраза, што се уште не е на тоа ниво за да претставува опасност. Но сепак е, затоа што знаеме дека доколку не се спречи во првата фаза, оди понатаму, изјави Артман на трибината за Сребреница, која ја организираа Центарот за културна деконтаминација и Фондот за хуманитарно право.
- Прашањето за Сребреница не е само прашање на поранешна Југославија и Србија, туку и работа на Европа и на целиот свет и токму поради тоа е важно да се користат инструментите на правосудството со цел да се заштити човештвото, оцени поранешната портпаролка на Меѓународниот суд во Хаг.
За изјавата на градоначалникот на Сребеница, Ќамил Дураковиќ во пресртет на одбележувањето на годишнината од Сребреница, дека државниот врв не е пожелен во Поточари, Артман смета дека пред се тоа е став на здруженијата на семејствата на жртвите, отколку политички став.
- Тоа не е политички собир, туку одбележување во Меморијалниот центар. Тоа не е место за политичари, смета Артман.
- Мене ми пречеше тоа што минатата година на одбележувањето на 20-годишнината, дојдоа толку многу политичари да пуштат солзи на пет минути пред камерите и си заминаа, а ништо не прават тоа да не се повтори. Ним таму не им беше местото, тоа е мој личен став, рече Артман и додаде дека на таквите ниту оваа година не им е местото во Сребреница.
- Нека дојдат друг пат, на друг датум, како што правеше Вучиќ, додаде таа.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници