Македонија
29. April 2025 - 13:30

Артилериски проектил од Првата светска војна пронајден во струшкото село Калишта

Артилериски проектил од Првата светска војна бил пронајден во атарот на струшкото село Калишта, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, вчера во 11 часот и 20 минути во ОВР Струга било пријавено дека екипа на ЕВН Македонија, при изведување работи во атарот на струшкото село Калишта, пронашла стара граната.

- Од извршениот увид констатирано е дека се работи за артилериски проектил од Првата светска војна, калибар 105 милиметри и една чаура со каписла калибар 105 милиметри, стои во соопштението на СВР Охрид.

Пронајдените предмети безбедно биле подигнати од овластени претставници на Дирекцијата за заштита и спасување за натамошна постапка.