Артета по поразот од Барнли: Арсенал целосно доминираше пред да биде исклучен Џака
Тренерот на Арсенал, Микел Артета се огласи по поразот (0:1) од Барнли синоќа во мечот 13. коло во Премиер лигата.
– Ние целосно доминиравме од самиот почеток до исклучувањето на Гранит Џака. Создадовме шанси, притиснавме – расположението на играчите беше неверојатно. Игравме навистина добро. Тимот гори од желба и, веројатно, дури и премногу, бидејќи во клучните моменти ја преминавме границата и заработивме исклучување. Сакајќи премногу, мислам дека фудбалерите се неверојатно посветени на својата кауза, изјави Артета.
Што се однесува до црвениот картон, знаеме дека ова е недозволиво. Во позиција во која се наоѓаме сега, ова е уште понеприфатливо.
– Треба да постигнуваме голови. Тоа е она што ни недостасува, додаде предводникот на Арсенал на кого му се заканува отказ по слабите резултати во домашното првенство. Лондонци ги загубија последните четири натпревари на домашен терен во Премиер лигата – нешто што не се случило од декември 1959 година.
Ново на Сител
-
Манасиевски: Човек како Митовски не смее да биде градоначалник
-
Високите цени и потребата од нови мерки ќе се разгледуваат на ЕСС следната недела
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Бојан Трајковски, Асоцијација на специјализанти и млади лекари
-
Грета Тунберг на протест за Дошница
-
Преглед на вестите од светот
-
Цела недела топлотен бран – од утре мало разладување
-
Спречен обид за подметнување пожар на Водно, гори на шест локации во Македонија