Арсовски: Заев преку Георгиевски го соопшти планот во кој граѓаните треба да се откажат од историјата и јазикот
Зоран Заев преку неговиот коалиционен партнер, Љубчо Георгиевски го соопшти неговиот практично мастер план за идентитетско обезличување во кој Македонија и граѓаните треба да откажат од историјата, јазикот и постоењето на континуитет на македонската нација, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање за акцискиот план кој што јавно вчера го истакна поранешниот премиер Љубчо Георгиевски.
Арсовски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ го осудува овој мастер план за идентитетско обезличување, кој Заев се обидува да го спроведе.
- За ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо да се согласи владата дека македонскиот јазик бил всушност бил бугарски, дека тој бил јазикот на коресподенција на македонските револуционери. Неприфатливо е да се согласиме според тезата на Заев, пуштена преку Љубчо Георгиевски дека македонска нација е новосоздадена, рече Арсовски.
Тој потенцираше дека ова се опасни тези кои нанесуваат штета на националните и државни интереси и срамно е што не чувме никаква осуда од страна на Зоран Заев, на владата и на сите останати од СДСМ на овие изнесени тези.
- Штом молчат значи ги одобруваат и тие ги поттикнуваа. Ги повикуваме Заев и владата да се оградат од ова, доколку за нив ова не е прифатливо, во спротивно доколку не го сторат тоа ќе сметаме дека сето ова е дел од мастер план за идентитетско обезличување.
Арсовски нагласи дека ова е предавничка политика на Зоран Заев и сите приврзоци околу него која ја спроведуваат во континуитет изминативе години
- Најпредавничката политика која може воопшто да се сервира на македонскиот народ. На ваквите политичари не само што им доаѓа крајот, туку одат во историја и таму им е местото. Нивното мислење не треба да се зема сериозно од едноставна причина затоа што тие промовираат единствено предавничка политика, потенцира Арсовски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Одмазнички напади на Иран врз Израел, во Тел Авив повредени неколку лица | ВИДЕО
-
Новиот командант на иранската Револуционерна гарда се закани: „Портите на пеколот“ ќе се отворат за Израел
-
Трамп: САД не беа предупредени, но беа свесни дека Израел планира да го нападне Иран
-
Состанокот на Мешовитата историско-образовна комисија заврши без резултат
-
Нетанјаху денеска ќе разговара со Трамп, Путин и Стармер по нападот врз Иран
-
Единствениот преживеан од падот на авион во Индија: Не можев да поверувам дека сум жив
-
Во монтажен контејнер во Претор пронајден починат Американец
-
ИДФ тврди дека значително е оштетен објектот за збогатување ураниум во Натанц