Арсовски: Оставки од Владата за прислушувањето во Јавното обвинителство
Повторно сме пред една од најнекредибилните институции во државата и институцијата со никаква доверба кај граѓаните, тоа е Јавното обвинителство.
После цела недела од најголемиот скандал кој го потресе обвинителството, ние се уште од никого не видовме да сноси никаква одговорност.
Се уште не знаеме ниту кои обвинители се прислушувани, ниту со кого се водени тие разговори, ниту дали во разговорите има индиции за криминал.
Јавноста се уште не знае колку разговори се снимени, кој ги чува и има копии од истите разговори? Дали сега службите ги бришат логовите од централата? Дали снимените приватни и службени разговори на обвинителите служат за уцени? Дали е ова причината за молкот во Јавното обвинителство?
Срамот кој во моментов го трпи оваа институција позади мене покажува само во каква состојба ни се наоѓа судството и обвинителството во Република Македонија, каде што знаеме и самите дека нема ниту правда, нема ниту правдина.
Тоа до сега го видовме преку најеклатантниот пример кога Зоран Заев беше амнестиран за земањето поткуп од 200.000 евра.
Додека траеше целиот процес низ судот за случајот „Поткуп“ каде што и врапчињата знаеја дека Заев е виновен и треба да лежи затвор, во текот на 2016, 2017, 2018, тоа се годините кога се водеше процесот во Јавното обвинителство се прислушувале обвинителите и нивните соработници.
Дали можеби преку овие снимени разговори се вршеле разни притисоци кон инволвираните во процесот за да пресудат во корист на Заев, односно да го „исперат“ од криминалот кој што го имаат сите видено?
Да не ги споменувам тука и другите случаи на лица од СДСМ, како градоначалникот Боро „Малборо“ и останатите кои добија пресуди во нивна корист и бевме сведоци на преседан во правниот систем.
Јавно Ве повикувам и прашувам, Вас обвинителите од Јавното обвинителство, зошто се плашите и го одмолчувате скандалот каде што лично Вие сте прислушувани и сте мета на напад?
Дали некој Ве уценува со снимените разговори да молчите и да не ја барате правдата кој ги нарушил вашите професионални и човечки права?
Почитувани,
Оставки од сите инволвирани во овој скандал мора да има и тоа мора да има веднаш. Не може да молчат сите и да се однесуваат како ништо да не се случило, а ни се случи скандал од огромни размери кој може да ја поремети оската на движење на општеството доколку се обелодени во целост онака како што треба.
Оставки од целата влада и тоа веднаш. Да не заборават само, сите инволвирани, дека ќе дојде ден кога ќе се променат политичките текови во државата, ќе се врати правдата и овој случај ќе биде предмет на истрага од професионалци, за подоцна и сите да одговараат согласно она што го сториле.
Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Астрономски цени на недвижности во Србија - 10.000 евра за квадрат во „Белград на вода“, гаражно место 66.000 евра
-

Изминатите четири дена приведени седум лица за безобзирно управување на возило, 2415 сообраќајни прекршоци
-

Австралија: И „Амазон твич“ забранет за лица под 16 години, „Пинтерест“ ја избегна забраната
-

Мицкоски од Тирана: Остануваме решително ориентирани кон европските интеграции и регионалната соработка
-

Британија открива мрежи за перење пари кои ја поврзуваат земјата со Русија
-

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2026 година е развоен, секоја ставка е внимателно проектирана
-

Краделе облека од продавници во Атина и ја препродавале во Тирана – уапсени осум лица
-

Мексиканката Фатима Бош е новата „Мис Универзум“

