Арсовски: Единствен осуден криминалец за крадење во Македонија е таткото на Зоран Заев

Единствен докажан и осуден криминалец којшто крадел струја, пардон – криминалци коишто краделе струја се семејството Заеви.
Единствен осуден криминалец за крадење во Република Македонија е Панче Заев, таткото на Зоран Заев кој е премиер на Република Македонија.
Имено, Панче Заев, татко му на Зоран Заев кој очигледно имал што да наследи од него а тоа е крадењето, е осуден за крадење струја. Ова е кривичната пријава којашто е поднесена против Панче Заев кој крадел струја, а тука ја имаме и пресудата каде што е осуден за крадење струја, која медиумите електронски ќе ја добијат.
Имено, 15.470 киловати струја биле украдени од страна на фамилијата Заеви, поточно од татко на Зоран Заев, Панче Заев, што значи единствен и ноторен криминалец е овој човек чиј син 4 години ја краде Република Македонија по принципот на неговото функционирање, а уште десетина години претходно ја крадеше општина Струмица. Истиот овој човек преку семејните фирми од парите на граѓаните имаше земено стотици илјади евра тендери во општина Струмица каде што син му беше градоначалник пред да стане премиер.
Преку фирмата, „Зови Промет” која е на Панче Заев има земено тендери од над 350.000 евра.
Почитувани граѓани, ова е криминалец по сите основи – Панче Заев, таткото на Зоран Заев.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2026 е развоен, реален и одговорен, а граѓаните да бидат спокојни – државата е финансиски стабилна
-

Цената на преспанското јаболко со Ордан Чукалиев | Неформално | Sitel Podcast 124
-

Церемонија на свечено менување на државното знаме во Кабинетот на Сиљановска-Давкова
-

Здружение „Безбедни патеки“: Србија има најголем број на загинати во несреќи во Европа
-

Се отвора нова страница во развојот на трансплантациската медицина со успешно започнување на трансплантација на рожници
-

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот на Град Скопје, обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции
-

Зеленски ги разреши министрите за енергетика и правда од Советот за национална безбедност и одбрана на Украина
-

Полициски службеник си пукал во рака додека го проверувал своето оружје
