Арсовски: Апетитите на нарко картелот Заеви се големи, сакаат по секоја цена со европско знаменце да се изгласа Законот за марихуана
Како што се ближат изборите каде што се знае дека СДСМ и Заев ќе загубат, така и се зголемуваат и криминалните апетити на нарко картелот Заеви.
Срамота е што повторно, во сред пандемија, во сред криза каде Република Македонија е руинирана, имајќи во предвид СДСМ и Заев дека ќе ги изгубат изборите, го пуштаат во Собрание во процедура Законот за марихуана и опојни дроги со европско знаменце и тоа само заради интересите на фмилијата Заеви.
Јасно е, законот е заради личен интерес на Зоран Заев и тој интерес има два аспекти.
Едниот аспект е што нарко картелот Заеви има најголем број лиценци за одгледување марихуана и со ова сака да го легализира криминалниот шверц на марихуана за да заработи многу пари, а вториот аспект е што голем број од сопственициве на лиценци кои биле прелажани од Заев дека ќе се изгласа законот вака како што го предложуваат, сега повторно се жалат дека биле предмет на разно разни притисоци каде што требало неформално уште еднаш да си ги „откупат“ лиценците кај пајташи од СДСМ и практично со тие пари Зоран Заев и пајташите околу него да се обидат да вршат поткуп за изборите.
Почитувани граѓани, нема ништо европско во законот за марихуана што сака Зоран Заев да го помине, напротив, со овој закон сакаат да го легализираат она за што беа уапсени од ДЕА возачот на Трајче Заев и командирот на Оливер Спасовски од Прилеп, наречен Чипсио.
Овој закон кој го поднесе СДСМ, а треба да го одбрани пред Собранието како ресорен министер, браникот на криминалот на СДСМ Венко Филипче, не смее и нема да помине.
На граѓаните им е повеќе од јасно дека оваа Влада нема намера да реализира проекти во нивна корист, туку единствено да работи за нивните личните интереси и тоа се поинтензивно како што наближуваат изборите, бидејќи знаат дека ќе ги изгубат.
Затоа, уште еднаш да потенцираме, на овој закон кој го предлага лично фамилијата на Зоран Заев и е од нејзин интерес, не му е местото во Собранието, а најмалку му е местото со европско знаменце, бидејќи криминалот не е во духот на европските вредности и не е од интерес на Европската унија.
Криминалот е единствено во интерес на фамилијата од Струмица - Заеви. Не може пратениците од Собранието да легализираат нешто за што ДЕА поапси 10 луѓе. Затоа нека стават прст на глава пратениците од СДСМ и владеачкото мнозинство и нека размислат дека само му ги полнат џебовите на Зоран Заев.
Центар за комуникации со ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Синер го победи Де Минаур на завршниот АТП турнир
-
Џејмс е најстариот играч во НБА кој забележал трипл-дабл во два последователни натпревара
-
Јокиќ со четврти последователен трипл-дабл
-
Иран: Трамп да го запре континуираниот геноцид во Појасот Газа
-
Викендов во Скопје подигнати 70 кубни метри непрописно одложен отпад
-
Украина прогласи висок степен на тревога
-
Локализиран е пожарот на планината Беласица
-
Во Берово најстудено со - 6, во Гевгелија измерени 5 степени Целзиусови