Арсовска: Во втората половина на 2023 година ќе има бесплатен јавен превоз
– Во втората половина на 2023 година граѓаните на Градот Скопје ќе имаат бесплатен јавен превоз, токму онака како што беше ветено, рече денеска на прес-конференцијата градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.
Арсовска, одговарајќи на новинарско прашање, посочи дека јавниот превоз ќе биде целосно бесплатен, како што беше најавено во програмата.
Сепак, како што рече, треба сите институции да си ги почитуваат обврските и да ги исплатат своите долгови.
-Проблемот е во сите оние во оваа држава, кои што не си ги почитуваат обврските. Меѓутоа, со опструирање од страна на сите институции во државата, кои што 30 години ја „изедоа“ оваа држава, ние не можеме да градиме ниту поквалитетен град, ниту поквалитетна држава. Секој треба да си ја носи својата обврска и одговорност, а тоа значи доколку некој должи над два милиони евра не треба да прашува како ќе има бесплатен јавен превоз, туку треба да си ги плати своите обврски. Истото се однесува и за централната и за оние единици на локалната власт кои не си ги подмируваат своите обврски, рече Арсовска.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Нашата визија е јасна - да изградиме држава во која успехот нема да зависи од привилегии, туку од знаење
-

СП 2026: Хрватскиот селектор смета дека одиграле натпревар со многу емоции
-

Мицкоски: Одржливоста веќе не е избор, туку предуслов за конкурентност
-

Руско МНР: Москва е подготвена да ги продолжи преговорите со Киев
-

„Њујорк Тајмс“: САД ги предупредиле иранските преговарачи Арагчи и Калибаф дека се можни израелски цели
-

СП 2026: Шпанија без проблеми до осминафиналето
-

Ивановски и Марковски денеска пред нови предизвици на Macedonian open 2026
-

СП 2026: Во неизвесен натпревар со поништени голови Португалија ја совлада Хрватска за осминафинале
