Арсовска-Томовска се сретна со потпретседателот на кинеската Boco

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска оствари средба со Chu Yuxin од кинеската компанија Boco – „Bright Oceans Corporation“, која е во посета на Македонија со цел подобро запознавање со земјата и регионот и потенцијални можности за инвестирање. На средбата, како што информираа од МИОА, присуствуваше и директорот на Управата за електронско здравство Милан Аризанкоски кој го презентираше македонскиот ИТ систем за е-здравство.
На состанокот е презентиран информацискиот систем кој компанијата Boco го има поставено во Кина, специјализиран во телемедицина и размена на 3Д рендгенски снимки. Притоа, договорени се повеќе средби кои треба да се остварат во следниот период, со цел размена на искуства на ова поле.
Кинеската компанија „Bright Oceans Corporation“-BOCO со 12.000 вработени, има реализирано околу 90 отсто од инфраструктурата на China Telecom, China Mobile и China Unicom и има годишен обрт од три милијарди долари. Покрај проектите од ИТ индустријата, работи и во делот на енергетиката и рударството, а е партнер на светски познатите имиња како што се IBM, Oracle, HP, Ericsson, Microsoft.
Ново на Сител
-

Девојка од Србија пријавила возач на такси во Скопје за допирање по телото и бакнување
-

Вработени и пациенти на Онкологија сведочеа за случајот со незаконска набавка на лекови
-

Данска противник на македонската репрезентација во полуфиналето на плејофот за СП 2026
-

Австрија воведува забрана за шамии во училиштата за девојчиња под 14 години
-

Пожарникарите од Старо Нагоричане спасија куче паднато во шахта
-

Во железничка несреќа во Чешка повредени 57 луѓе
-

Мицкоски: Добар одѕив за ваучерите за електронски уреди, до вчера 27.000 студенти ги подигнаа ваучерите
-

Јаневска: Ваучери за е-уреди се наменети само за студенти на додипломски студии
