Арсовска со иницијатива до Советот на Град Скопје за враќање на името на улицата „Втора македонска бригада“
Градоначалничката Данела Арсовска денеска до Советот на Град Скопје поднесе иницијатива за враќање на името на улицата „Втора македонска бригада“, што претходниот состав на советот ја променил во „Адем Демачи“, а за што Владата дала согласност за промена. За ова денеска информираат од Кабинетот на Арсовска.
- Ги повикувам сите советници во Советот на Град Скопје да гласаат во корист на оваа предлог-одлука, со која ќе се исправи неправдата кон 230 херои, припадници на Втората македонска бригада од сите етникуми кои го дале својот живот за одбрана на Македонија. Апелирам, оваа иницијатива да не се политизира, ниту пак да се злоупотребува за кревање на етнички тензии, особено поради фактот што најголемиот дел од хероите, покрај Македонци, биле токму Албанци, Роми и Власи, посочува Арсовска.
Воедно, како што се наведува во соопштението од Град Скопје, градоначалничката Арсовска силно ја осудува националистичката реторика на косовскиот премиер Албин Курти.
-Сакам да му предложам нова иницијатива - во Приштина улица да биде именувана по македонскиот револуционер Тодор Александров, кој своевремено активно соработувал со Хасан Приштина, Хасан Бејта и Бајрам Цури во борбата против окупацијата на СХС. За оваа соработка е донесена и одлука на ЦК на ВМРО на која за контакт бил назначен Петар Чаулев, додава Арсовска.
Ново на Сител
-
Алтернативи за прочистување на воздухот: Подготвена ли е Македонија да ги следи светските трендови?
-
Тема на денот со Имер Селмани
-
Преглед на вестите од светот
-
ДСЗИ откри недостатоци при третманот на 5 годишното девојче кое почина на Детска - ДУИ бара оставка од Таравари
-
Суспензија и истрага за Мустафа Хајрулахи, вработени го пријавиле за малтретирање
-
Мицкоски: Инсталациите на СДСМ и ДУИ во судството и обвинителството се жилави, борбата ќе биде долга
-
Скопје и денеска меѓу најзагадените градови во светот - и внатре и надвор дишеме загаден воздух
-
Пожар на Беласица