Арсовска: Делуваме за подобрување на животот на лицата заболени од церебрална парализа
Дваесет членови на Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа денеска се упатија со воз од Скопје до Велес. Заедно на Железничката станица во Скопје ги испратија градоначалничката Данела Арсовска и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, со пакетчиња за членовите кои во Велес ќе ги пречека Градоначалникот Марко Колев.
– Ова патување е една убава можност за дружење и за запознавање со убавините на Македонија. Во Градот Скопје децата заболени од церебрална парализа и нивните родители имаат пријател и поддршка, им рече градоначалничката Арсовска на членовите на здружението, стои во соопштението од Град Скопје.
Социјалната заштита и обезбедувањето подобри услови за граѓаните што се соочуваат со потешкотии, се подвлекува, е приоритет на Градот Скопје кој поддржува многубројни значајни проекти за подобрување на квалитетот на животот на овие лица.
Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа на ниво на Скопје е активно од 1999-та година.
Ново на Сител
-
Пукање на семејна веселба во населбата Аеродром
-
На Табановце и Богородица за влез и излез од државава се чека околу 30 минути
-
Нетанјаху закрепнува по труењето со храна, соопшти неговиот кабинет
-
Во иранскиот град Омдије измерени 49,6 степени, на Антарктикот- минус 74,2 степени
-
Најмалку 73 лица се убиени во Газа додека чекале да добијат храна, соопшти палестинското Министерство за здравство
-
Запленета поголема количина цигари без бандероли и дробен тутун во Тетово, приведено едно лице
-
Акциска контрола во винички угостителски објекти, приведено едно лице, затекнати и малолетници
-
Прифатено и второто обвиниение за Васев