Арслани: Нормализирана работата на Музејот на албанската азбука

Нормализирана е работата на Музејот на албанската азбука во Битола, а во текот на денот имавме и посета од туристи кои одлучиле во Битола да го прослават празникот 8 Март, изјави за МИА Нуер Арслани, директор на НУ Музеј на албанската азбука во Битола.
- Немилиот настан е зад нас и сакаме да оди во заборав. Ние вработените во музејот веднаш по завршувањето на истрагата, заеднички се ангажиравме, го исчистивме сметот, ставивме нови стакла на скршените прозорци и го оспособивме Музејот за посети. Очекуваме надлежните институции да ги пронајдат сторителите кои предизвикаа материјална штета на Музејот и несакани провокации, кои сите ги осудивме, изјави Арслани.
Како што информираше МИА, осуда за фрлањето Молотови коктели врз Музејот на албанската азбука во Битола искажаа национални и локални институции и политичките субјекти од градот и државата.
Музејот на албанската азбука на јавноста и нуди постојана музејска поставка што содржи 56 фотографии и над 230 документи, увид во записи и книги кои сведочат на времето кога на 22 ноември 1908 година во Битола група албански интелектуалци ја усвоија современата албанска азбука, а минатата година беше отворена и Спомен-соба со 11 восочни фигури на членовите на тогашната Комисија.
Ново на Сител
-

Калас: Украина не смее да се исфрли од агендата додека Блискиот Исток гори
-

Хегсет: Америка победува решително и без милост
-

Денеска реализирани превентивни активности на подрачјата на СВР Битола, СВР Велес, СВР Штип и СВР Тетово
-

Меџити: По две недели, нема да биде важно кој од каде дошол бидејќи сите ние ќе бидеме „Вреди“
-

Обвинетиот за убиството на 79 годишна жена во Штип не призна вина, судењето продолжува на 18 март
-

Мицкоски до Реџепи: Канабис економската политика на претходната Влада што ја поддржувавте е минато
-

Американскиот Сенат денеска ќе гласа за војната против Иран
-

Мицкоски: Набргу во Скопје прв состанок со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган
