Фудбал
6. August 2023 - 19:57

Арсенал го победи Манчестер Сити на пенали и го освои Комјунити шилд трофејот

Арсенал попладнево го победи Манчестер Сити со 1:1 во ФА Суперкупот на пенали со 4:1. Средбата се одржа во Лондон на стадионот „Вембли“.

Резултатот го отвори играчот од средниот ред на „граѓаните“, Кол Палмер, кој погоди во 77. минута по додавањето на Кевин Де Брујне. Во 90+11 минута израмни напаѓачот на „топчиите“, Леандро Тросард, а асистираше Букајо Сака.

Фудбалерите на Арсенал се покажаа попрецизни во пенал рулетот – 4:1.

Арсенал по 17-ти пат во историјата го освои ФА Суперкупот.