Арнаудовска се сретна со францускиот амбасадор Тимоние
Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Анета Арнаудовска денеска имаше средба со новоименуваниот француски амбасадор во Македонија, Кристијан Тимоние.
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ има воспоставено повеќегодишна успешна соработката со Амбасадата на Република Франција во Република Македонија, со чија помош се реализирани низа активности во насока на поддршка на унапредувањето на правосудниот систем на Македонија.
За таа цел, како што е наведено во соопштението од Академијата, во 2011 година беше потпишан и Меморандум за соработката во чии рамки се реализираат настани значајни за правосудниот систем на Република Македонија.
Арнаудовска, како што се наведува во соопштението, го информирала амбасадорот за реализираните настани во рамки на оваа соработка, како што е размена на кандидати и ментори помеѓу Академијата „Павел Шатев“ и Правосудната академија ЕНМ од Република Франција, за можноста за реализирање стаж на кандидати од ЕНМ Франција во Македонија и за можноста за студиски престој на судии од редот на програмата за почетна обука од Академијата во Франција, како и за размената на искуства помеѓу судиите и обвинителите по однос на примената на Европската конвецијата за човекови права од страна на националните судови и почитување на судската пракса на Европскиот суд за човекови права.
Директорката на Академијата истакнала дека конкретните активности со Амбасадата на Република Франција на полето на обуките се реализира на работно ниво во согласност со препораките содржани во разни меѓународни извештаи како што се извештаиите на ГРЕКО Комитетот, препорките на Прибе, Европската комисија, кои се во насока на исполнување на обврските на Република Македонија за влез во Европската Унија.
Амбасадорот Тимоние искажал задоволство од досега постигнатото во рамките на оваа соработка, додавајќи дека Франција и понатаму ќе продолжи да го помага реформскиот процес во правосудството на Македонија, а посебно работата на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, за која смета дека нејзината улога во јакнење на капацитетите во правосудниот систем и понатаму ќе станува се поголема.
Арнаудовска и Тимоние на средбата ги разгледале конкретните активности кои би резултирале со потпишување на нов Меморандум за соработката, со кој, како што е наведено во соопштението, ќе се потврди успешно воспоставената соработка.
Ново на Сител
-
Лавров: Западот се обидува да спречи формирање на мултиполарен свет
-
Сѐ уште активни пожарите во Илинден, Долнени и Липково, пожарите на Кожуф, Јасен и Вардариште ставени под контрола
-
Активни шест пожари, три под контрола
-
Истрага против дилер на марихуана во Скопје
-
Археолошкиот локалитет Стоби привлечен за странските туристи – Американците најбројни посетители
-
Нема листа на метар, малку независни
-
Висока делегација на Вооружените сили на Романија од утре во официјална посета на Армијата
-
Путин: Русија ги поддржува иницијативите на кинескиот лидер за глобално управување