Армијата одбележува 34 години од формирањето

Со повеќе активности во Скопје и во Штип денеска ќе бидат одбележани 34 години од формирањето на Армијата.
По повод Денот на Армијата, во касарната „Илинден“ во Скопје вечер во 19 часот, единицата на артилерискиот баталјон на Армијата ќе изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија. Претходно, во 18 часот ќе биде извршена пробна артилериска стрелба со истрелување на еден плотун од 6 артилериски орудија.
Триесет и четвртиот роденедне на Армијата ќе бидео одбележан и во касарната „Јане Сандански“ во Штип со смотра на 2.пешадиски баталјон и други армиски единици.
На одбележувањето, како што најавија од Генералштабот, ќе присуствуваат претставници од повисоката команда во Армијата, градоначалници од зоната на одговорност на 2.пб, директори и раководители на јавни претпријатија и установи во Штип, претставници на верските заедници.
За роденден на Армијата е избран 18 август, денот кога во 1943 година на Славеј Планина бил формиран баталјонот „Мирче Ацев", кој се смета за првата организирана воена формација на НОВ на Македонија. Процесот за формирање на современата македонска Армија, пак, започна во 1992 година, кога тогашниот претседател Киро Глигоров, со раководството на ЈНА го потпиша договорот за дислокација на федералната армија од територијата на Република Македонија.
Македонската Армија денес е составен дел од најголемиот колективен безбедносен систем откако Република Северна Македонија во март 2020 година стана 30 полноправна членка на НАТО.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Филипче бара извинување од Мицкоски, премиерот ја нарече одлуката на обвинителството скандалозна
-

Опозицијата поделена по понудата за предвремени избори
-

Во Скопје детектирани 13 високо ризични места за ширење на западно-нилскиот вирус
-

Прекината епидемијата во Гостивар
-

Чадот од пожарите го загрозува здравјето - најчувствителни се децата и хронично болните
-

Училишниот прибор ќе поевтини до 15 проценти, Владата ќе носи одлука во вторник
-

Пораст на просечната плата за 6,4% годишно, пензиите од септември повисоки за 6 отсто
