Армијата на САД негира дека ги координира со Дамаск нападите врз ИД во Сирија
Американската армија вчера ги отфрли тврдењата на курдски офицер дека ги координира со Дамаск нападите врз групата „Исламска држава“ во Сирија.
Авиони на сириската армија и на меѓународната коалиција против ИД, предводена од САД, беа забележани во изминатите неколку дена како прелетуваат над северниот сириски град Хасаке, каде сириски војници и курдски борци ги обединија силите против џихадисти од ИД.
Иако режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад е отфрлен од Вашингтон, офицер на Силите за заштита на курдскиот народ тврди дека меѓу сириската армија и коалициските сили постои координација.
- Тие комуницираат преку курдски посредник, изјави изворот.
Портпарол на американската армија вчера изјави дека нема ништо такво. - Американските авиони не се координираат на никаков начин со сириските авиони, ниту директно, ниту преку посредник, и никогаш претходно не го правеле тоа, изјави портпаролот на американската воена команда за Блискиот Исток Картис Келог.
САД предводат меѓународна воена коалиција од шеесетина држави во борба против ИД на контролирани од џихадисти теротории во Сирија и Ирак.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ вечерва ќе ја финализира листата за градоначалници
-
Teма на денот со Димитар Николовски, Евротинк
-
Атентат врз поддржувачот на Трамп, Чарли Кирк
-
Дрисла се уште го гуши Скопје
-
Пратениците влегоа и во Разузнавање – Документи не добија на увид
-
Црвените линии на Филипче идната недела во Собранието
-
Стевчо Јакимовски ќе трча за 5. градоначалнички мандат, СДСМ вечерва ќе ја финализира листата на имиња