Свет
30. July 2024 - 8:34

Армија на Индија: Најверојатно стотици луѓе се затрупани во лизгање на земјиште во државата Керала

– Стотици луѓе најверојатно се затрупани во лизгање на земјиште во јужната индиска држава Керала соопшти индиската армија. „Се сомневаме дека стотици луѓе се затрупани“, се вели во соопштението.

Во него се додава дека 225 војници се распоредени во областа Вајанад за да помогнат во напорите за спасување.

Властите во таа држава досега соопштија за деветнаесет жртви во лизгањето на земјиште предизвикано од поројните дождови што ја зафатија таа индиска држава.

Спасувачките напори ги попречува пороен дожд, јавија индиските медиуми.