АРМ: Волците и ренџерите спремни за изведување наменски задачи
Врвна обученост и подготвеност да делуваат за многу кратко време во какви било сложени услови, се дел од активностите кои припадниците на Полкот за специјални операции кои денеска ги демонстрираа на Армискиот полигон Криволак, соопштија од ГШ на АРМ.
- Популарните волци и ренџери изведуваа наменски задачи со експлозивни средства за уништување на препреки и реакција на контакт со употреба на боева муниција од оклопен транспортер во движење, информираат од АРМ.
Вежба е дел од редовните плански активности која ги изведува оваа елитна единица во теренски услови.
На армискиот полигон Криволак и Центарот за обука во Пепелиште под раководство на инструктори од пСО, се одржува и селективен курс на новопримените професионални војници кои се кандидати за прием на во оваа елитна единица.
-Селекцијата е со цел да се изврши квалитетен, стручен и правилен избор на кандидати за вршење на должности во специјалните единици на АРМ. Притоа инструкторите вршат постојано следење на особините и карактеристиките на кандидатите како : тимска работа, дисциплина, лојалност, прилагодливост и психичка и физичка издржливост во секакви теренски и временски услови, истакнуваат од АРМ.
Началникот на генералштабот на АРМ генерал потполковник Методија Величковски кој присуствувал на денешните активности бил информиран од страна на командантот на единицата, полковник Орце Јордев за методите и постапките кои се користат во обучувањето за справување со безбедносни предизвици во најсложени ситуации.
Ново на Сител
-
Почна со работа Комисијата за правична застапеност во Собранието
-
Владата и банките во недела на преговори
-
Имотен лист на вашиот е-мејл за 10 секунди?
-
Тутунарите со свои очекувања
-
Борисов предложи коалиција за Влада - Парламентот не успеа да избере претседател
-
Загадениот воздух - Хроничен зимски проблем
-
Владата е свесна за проблемите со загадениот воздух
-
ВМРО-ДПМНЕ: Фалат 200,000 евра на Детска клиника