Арифи: Шест случаи на коронавирус во тетовскиот регион

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи по денешниот состанок на Кризниот штаб информираше дека шест лица се заболени со коронавирус. Од шестте општини во тетовскиот регион само во две локални самоуправи нема позитивен случај.
– Бевме информирани од претставниците на здравствените институции дека имаме шест позитивни случаи со коронавирус. Од нив, тројца се со живеалиште во општина Тетово, еден во Боговиње, еден во Желино и еден во општина Јегуновце. Клиничката болница информираше дека располага со 400 кревети и екипи за можни нови позитивни случаи. Моментално во општина Тетово имаме 235 лица во самоизолација, а 64 лица се во карантин во хотелите во Попова Шапка, истакна Арифи.
Таа побара од банките да најдат начин за помал метеж пред нивните објекти.
– Апелираме до банките во градот да најдат модус за исплаќање на пензиите со цел да не се прави гужва од оваа група на граѓани кои се најизложени на опасноста од овој вирус, рече Арифи.
Според градоначалничката, направена е дезинфекција на сите градски населби и на селата Порој, Џепчиште, Мала и Голема Речица и на Попова Шапка. Преостанува дезинфекција на шарпланинските села како Сараќино и Фалише.
Ново на Сител
-

Трамп: Ниту една нација во светот не може да го постигне она што Америка го постигна вчера
-

Муцунски: Одговорноста е важна, ние стоиме зад САД и венецуелскиот народ за слобода и демократија
-

Каде е македонскиот студент на мапа? | Ангела Василевска и Александар Николовски | Sitel Podcast 133
-

Пронајден планинарот по кој се трагаше на Пелистер
-

Пронајден е починат исчезнатиот Македонец Стивен Ивановски
-

ЦУК: Сообраќајки, замрзнати улици, активиран Кризен штаб по падот на температурите
-

Приведен 34-годишник од тетовско, со остар предмет му се заканувал на градоначалникот на Желино
-

УЈП: Во 2025 година во националниот буџет собрани над четири милијарди евра од даноци и социјални придонеси
