Ариф од Тетово го бакна светиот крст и премина во православие
Ариф Алили од гостиварското село Ломница од вчера е Александар Горски. Името го доби на светиот чин крштание. Пријде во христијанската вера, за, како што вели, да си го најде својот духовен мир, јави тетовската телевизија „Ултра“.
Александар, кој има 57 години, вели дека сите пријатели му се христијани, па и тој отсекогаш се чувствувал така.
Сега сакал и официјално да стане дел од христијанството.
- Грешник сум како и сите ние. Преку православната вера сакам да се покајам пред Бога. Цел живот христијаните ми помогнале. Се чувствувам многу добро, како јагне што ќе го најде своето стадо - вели тој.
Крштавањето го извршија тројца свештеници од тетовското архијерејско намесништво. Кумот е пресреќен што има можност да биде дел од ваков чин.
- Сметам дека секој има право на покајание во животот и да бара мир и спокој пред Господа. И овој чин беше дел од тоа. Ми претставува посебно задоволство што сум кум на човек кој сака преку нашата вера да бара мир и спокој за својата душа - изјави кумот.
Погледнете ја крштавката:
Ново на Сител
-
Ѓоковиќ поразен во второто коло на Индијан Велс
-
Украинските сили извршиле напади со дронови на руска територија
-
Уапсен мажот што се качи на Биг Бен во Лондон и вееше палестинско знаме
-
Њујорк Тајмс: Одлуките на Трамп ја загрозуваат целта да се спречи развојот на иранската нуклеарна програма
-
Во Берово најниска утринска температура, највисока во Виница
-
Женско рели низ улиците на Скопје
-
Синиша Кочоски ќе настапи на легендарната трка „24 часа Ле Ман"
-
Алегри ќе седне на клупата на Милан?