Археолози пронајдоа траги од канабис во древен храм во Израел
Израелските археолози објавија дека пронашле остатоци од канабис на предмети од антички храм на југот од Израел, за кои сметаат дека се првите докази за употреба на халуциногени супстанции во древната еврејска религија.
Хемиска анализа на Хебрејскиот универзитет во Ерусалим и Институтот Технион покажа дека едниот олтар содржи психоактивни состојки што ги има и во марихуаната, а во другиот имало темјан.
Како што се наведува, откритието во светилиштето од 8. век п.н.е. во Тел Арад, на околу 60 километри јужно од Ерусалим, ги нуди првите докази за употреба на „супстанции што го менуваат умот, користени во обредите“ во најраните еврејски храм во таа околија.
Еран Ари, кустос во музејот во Израел и главен автор на трудот, откритието го нарече револуционерно и укажува на тоа како се одвивале богослужбите во храмовите во тоа време.
Јоси Гарфинккел, професор по археологија на Хебрејскиот универзитет, потсети и на сознанијата за употреба на вино на опиум во други делови на областа, за слични цели.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Позитивни податоци за земјоделството
-
Комплексот Македонско село повторно ги отвори вратите
-
Ребалансот на буџетот на Владина седница
-
Родителите на деца со попреченост бараат законски измени и редовни месечни примања
-
Преглед на вестите од светот
-
Тензиите на Блискиот Исток ги вивнаа цените на нафтата и гасот
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Градоначалникот на Кочани поднесе кривични пријави за неколку локали кои се уште работат незаконски