-->
-->
Археолошки истражувања на локалитетот „Коколов рид“ кај Виница
-->
Продолжуваат археолошкит истражувања на локалитетот „Коколов рид“ кај Виница кои систематски започнаа да се изведуваат од 2011 година. Минатата година на овој локалитет беше откриено светилиште од бронзеното време, редок археолошки локалитет и материјал откриен во него.
- Продолжуваме со истражувањата на овој археолошки локалитет кај Виница. Ќе го истражиме во целост светилиштето кое потекнува од бронзеното време и за кое постои голем интерес од научната јавност во Македонбија, изјави Јулијана Иванова директор на Музејот „Теракота“ од Виница.
Според Иванова, на овој локалитет од веке откриените четири тумули е истражена една на која се регистрирани четири погребувања кои потекнуваат од 8 век пред нашата ера. Истражувањата ќе продолжат во наредните дваесетина дена, а паралелно со нив ќе се работи и на обработка на движниот материјал од керамика, што е откриен на овој локалитет.
Финансиските средства за археолошките исртражувања на локалитетот Коколов рид се обезбедени од Министерството за култура.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неколку шумски пожари активни низ државата
-
Пожарот во општина Василево петти ден активен
-
Со новите измени во Kривичниот законик, семејното насилство ќе се гони по службена должност
-
Во охридската болница се користеле стари апарати
-
Зголемена потрошувачка на вода во Струмица, 195 литри се трошат во секунда
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Анита Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид