Живот
8. November 2024 - 12:18

Аргентина: Три лица обвинети за смртта на Лијам Пејн

Аргентинските власти обвинија три лица во врска со смртта на пејачот Лијам Пејн, објави Обвинителството.

Меѓу обвинетите се лице наводно блиско со Пејн, хотелски работник и осомничен дилер на дрога. Алкохол, кокаин и антидепресиви на рецепт биле пронајдени во крвта на Пејн по неговата смрт, соопштија надлежните.

Пејачот почина на 16 октомври по пад од балкон на третиот кат на луксузен хотел во туристичката населба Палермо во Буенос Аирес. Неговото тело е пронајдено во внатрешниот двор на хотелот „Касасур“.

Подоцна полицијата извршила рација во одморалиштето. Запленети се предмети, како компјутерски хард-дискови и снимки од камерите на хотелот.