Аргентина ќе забрани операција за промена на полот и хормонска терапија за деца
Аргентинскиот претседател Хавиер Милеј одлучил да ги забрани терапиите за промена на полот и операциите за малолетници, како и да воведе ограничувања за сместување трансродови жени во женски затвори.
Кабинетот на Милеј соопшти дека владата ќе го промени законот од 2012 година што им дозволува на луѓето да го менуваат својот родов идентитет, вклучително и забрана за хормонски третман и операции за деца.
„Родовата идеологија, доведена до крајност и применета врз децата преку сила или психолошка принуда, јасно претставува злоупотреба на деца“, се вели во соопштението од Кабинетот.
Во Аргентина, операциите поврзани со родот многу ретко се вршат на деца, а трансродовите малолетници обично мора да подлежат на медицинска евалуација и дијагноза пред да почнат да користат блокатори на пубертетот или хормонски терапии.
Милеј ќе донесе и декрет дека затворениците ќе бидат сместени според нивниот пол регистриран во моментот на кривичното дело.
Сепак, ниту една трансродова жена нема да биде сместена во женски затвор доколку е осудена за сексуални злосторства, трговија со луѓе или насилство врз жени, додаде претседателството.
Ново на Сител
-
Пожарите во Албанија не стивнуваат, најкритично во Делвина и Финиќ, опозицијата бара прогласување вонредна состојба
-
Вучиќ најави дека нема да се кандидира на следните избори
-
Венс: Трамп ми рече дека има мисија да го врати мирот во Европа
-
ЦУК: Пожар од поголеми размери избувна кај Октиси, авион на ДЗС на пат кон локацијата
-
Полицаец во Кичево физички нападнал повикано лице во полициска станица
-
21-годишна албанка излетала од патот со автомобил близу Битола, тешко повредени сопатниците
-
Кипар под црвен метео аларм: Температури до 45 степени, забрана за работа на отворено
-
Тешко повреден параглајдерист во Крушево се пренесува со полициски хеликоптер во Скопје