-->
-->
„Ареа“ и „Ван Гог“ ѕвезди на петтиот рок-фестивал Џојфест
-->
Ѕвезди на вечерта на петтото, јубилејно издание на кривопаланечкиот рок-фестивал „Џојфест“ ќе бидат „Ареа“ и „Ван Гог“, најавија денеска на прес- конференција членовите на организацискиот одбор.
Уметничкиот директор на фестивалот Александар Михајловски, истакна дека фестивалот годинава слави мини-јубилеј, а искуството придонело подготовките да течат речиси беспрекорно.
- Фестивалот расте низ годините, растат и заинтересираноста и апетитите на публиката од градот и регионот. Поради тоа, годинава одлучивме македонскиот легендарен рок-состав „Ареа“ и мега супер-бендот „Ван Гог“ од соседна Србија да бидат главни ѕвезди. Ќе настапат и кривопаланечките бендови „Машина“ и „Стоп“, кои повторно се собраа по повод јубилејот, а за продолжување на забавата до раните утрински часови ќе биде задолжен светски-реномираниот ди-џеј Гоце, рече Михајловски.
„Џојфест“ се организира под покровителство на општина Крива Паланка, а годинава е дел и од „Топол културен бран“, поддржана од Министерството за култура.
- Во текот на овие години фестивалот беше позитивно прифатен од публиката од градот, соседните општини, но и од пограничните општини од соседна Бугарија и Србија, кои доаѓаат во голем број. Сметам дека ова е настан кој на општо задоволство на повеќе генерации нуди одлична програма-изјави градоначалникот на Крива Паланка Арсенчо Алексовски.
Тој додаде дека фестивалот се одржува со однапред утврден датум, а ќе има хуманитарна компонента. - Во координација со Општинската органивација на Црвен Крст ќе организираме собирни пунктови за прибирање прилог за настраданите во поплавите од скопскиот регион, бидејќи и Крива Паланка загуби два човечки живота, нагласи Алексовски.
Драган Величковски, директор на ЛУ Градски музеј и член на организацискиот одбор, рече дека промотивната кампања ва „Џојфест“ се организира од почетокот на минатиот месец со голема поддршка од Акцент медиа“ и „Поли јестердеј“.
- Промотивни плакати се дистрибуирани во Источниот Регион, Штип, Кочани, Пробиштип и Свети Николе, во Североисточниот, како и во соседна Бугарија, во Ќустендилскиот регион, а во сите региони е направена промоција во соработка со туристички агенции и институции од областа на културата, изјави Величковски и информира дека на 27 август во Градската уметничка галерија ќе биде отворена и изложба на фотографии од Ѓорги Костовски, „Ретроспектива – 5 години Џојфест“.-
- Изложбата од нашиот реномиран фотограф ќе содржи најубави и највпечатливи моменти од петте фестивалски изданија, како и плакати од сите пет години, изработени и дизајнирани од Наум Михајловски, додаде Величковски.
„Џојфест“ ќе се одржи на 20 август на градскиот плоштад „Карпошово востание“. Почнува во 19 часот, а угостителските објекти во градот ќе имаат продолжено работно време.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Лазаров оптимист пред дуелите со Естонија и Литванија
-
Тему прекинува со испорака на стоки од Кина во САД поради американските царини
-
Трамп: Нема да се кандидирам за трет мандат
-
„Њујорк тајмс“: Украина добива нова американска помош – ракетен систем Патриот
-
Вчерашното убиство во Скопје било извршено пред 5-годишната ќерка на сопружниците
-
Кон средината на мај, Трамп во Ријад ќе се сретне со лидерите на земјите од Заливот
-
Во Радовиш приведени две лица сторители на 14 тешки кражби
-
Во Битола затекнати 23, а во Охрид шест малолетници после 24:00 часот