Ардерн поддржува мирни протести против убиството на Џорџ Флојд

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн изјави дека е вџашена од смртта на Џорџ Флојд и ги поддржува мировните протести за солидарност во нејзината земја, но истакна дека демонстрантите ги прекршиле мерките за физичко растојание и оти не треба да заборават дека пандемијата на Ковид-19 е во тек.
Таа посочи дека е згрозена од она што се случи со Афроамериканецот Џорџ Флојд во САД, но дека протестите за солидарност треба да се организираат на таков начин што ќе овозможи безбедност на сите свои учесници, пренесува Си Ен Ен.
Ардерн на прес-конференцијата изјави дека Новозеланѓаните како нација треба да укажат на расизам, нетолеранција и омраза, но исто така забележа дека ризикот од пренесување на вирусот корона сè уште постои. Премиерката рече дека целосно ги разбира чувствата на демонстрантите, но таа истакна дека глобалната епидемија сè уште трае и дека не би сакала влошување на ситуацијата, со која властите се обидуваат да се справат.
Ново на Сител
-

Започна генералното чистење на Скопје
-

Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-

Ѓорѓиевски ја презеде функцијата, најави целосна реорганизација
-

Рокас му го презентираше извештајот на Мицкоски
-

Орце Ѓорѓиевски ја презеде функцијата, вечерва стартува чистењето на Скопје
-

Владина реконструкција по партискиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ – Нема место плус за ВРЕДИ
-

Средба Мицкоски - Рокас во Влада
-

Македонија и Бугарија го потпишаа договорот за изградба на железнички меѓуграничен тунел
