Арагчи: САД треба да изберат дали сакаат прекин на огнот или продолжување на војната преку Израел

Условите на примирјето меѓу САД и Иран се многу јасни и САД мора да изберат дали сакаат прекин на огнот или не, изјави шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи.
„Условите меѓу Иран и САД се јасни и експлицитни. САД мора да изберат, или прекин на огнот или продолжување на војната преку Израел. Не можат да ги имаат и двете“, напиша денеска Арагчи на својот профил на Икс.
Тој истакна дека целиот свет ги гледа масакрите во Либан.
„Топката е во дворот на Америка, а светот гледа дали ќе се држат до своите обврски“, рече Арагчи.
Претходно, Иран прогласи „историска и разорна победа“ над САД и Израел по 40 дена војна, велејќи дека Вашингтон бил принуден да прифати ирански предлог кој вклучувал прекин на огнот, укинување на санкциите и повлекување на американските борбени сили од регионот.
И покрај прекинот на огнот, израелските сили започнаа жестоки напади врз Либан, погодувајќи 100 цели во рок од 10 минути.
МИА
Ново на Сител
-

Нови сведоштва за пожарот во кочанската дискотека
-

Родителите на загинатите во Кочани бараат одговори од судска медицина
-

Одложена јавната расправа во скопска апелација по жалбата на осудените за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски
-

Трипуновски: Досега склучени 35.100 договори за тутун, за површина од 15.110 хектари, има видно зголемување од 2024-та
-

Струмица доби нов парк , дел од стратегијата за зголемување на зелените површини и почист воздух
-

Штип прва општина во Македонија со паметен модел за контрола на паркингот
-

Преглед на вестите од светот
-

Визна либерализација меѓу темите на вториот Стратешки дијалог со САД
