Македонија
21. February 2018 - 11:08

Апсење на граничниот премин „Стар Дојран“

Едно лице е уапсено на граничниот премин Стар Дојран. Според информациите на МВР,  во 1:30 часот во Полициската станица за Граничен премин и Граничен надзор Стар Дојран, на излез од Република Македонијабила извршена контрола над товарно моторно возило „Мерцедес“ со валандовски регистерски таблици со приклучно возило марка „Динкел“ со српски национални ознаки, а управувано од Р.А.(32) oд Србија.

Притоа било констататирано дека вин бројот втиснат на шасијата не бил истиот кој бил запишан во сообраќајната дозвола.

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 378 од Кривичниот законик на Република Македонија лицето било приведено во Полициска станица Гевгелија за понатамошна постапка.