Апсења во Судан, продолжуваат протестите
Суданските безбедносни сили уапсија тројца познати личности од продемократското движење, изјавија нивни роднини, додека притисокот врз војската расте по пучот.
Демонстрациите против воениот удар извршен во понеделникот продолжија во Картум и други градови, а многу компании не работат бидејќи одговорија на повиците за штрајк.
Како што пренесуваат странските агенции, превратот се заканува да ја загрози транзицијата на Судан кон демократијата, која започна во 2019 година по соборувањето на долгогодишниот автократски лидер Омар Ал-Башир, по народниот бунт.
Групи од десетици или стотици демонстранти поставија барикади на главните патишта.
Безбедносните сили интервенираа и ги отстранија бариерите, а некои демонстранти беа ранети од огнено оружје, велат активистите.
Најмалку шест лица загинаа, а повеќе од 140 се ранети во судирите меѓу демонстрантите и безбедносните сили од понеделникот.
Војската изврши државен удар по неколкунеделните зголемени тензии меѓу нејзините лидери и цивилните лидери, предизвикани од несогласувањата околу текот и брзината на транзицијата кон демократија.
Ново на Сител
-
Што очекуваат Македонците во Америка од Доналд Трамп?
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Трамп избран за претседател на САД
-
Рамноправен регионален развој за спречување на иселувањето
-
Фетаи: Администрацијата е неефикасна и политизирана, потребни се реформи
-
Високото образование ќе се реформира од корен, нов закон, студиски програми, повеќе пари за наука
-
Трамп избран за претседател на САД
-
По победата на Трамп, Мицкоски очекува зајаканати односи Македонија – САД