Апокалиптични сцени во Русија: Мртви птици паѓаат од небо
На руските социјални мрежи корисниците споделија видеа на кои се гледа како десетици мртви птици паѓаат од небото и лежат по улиците на градот Балаково, каде што има нуклеарна централа, пишува Раша Тудеј (РТ).
Првите слики од овој необјаснет феномен се појавија на руската социјална мрежа В контакти, на страницата „Типично Балаково“, посветена на градот кој се наоѓа на околу 1.000 километри јужно од Москва и во чија близина има голема нуклеарна централа.
Во коментарите под сликите, локалните жители наведуваат голем број теории за тоа што можело да предизвика масовна смрт кај птиците.
Додека некои укажувале на природни феномени, како што се силни ветрови или судир на две јата, други обвинија огномети, загадување, па дури и 5Г мрежа, иако таа сè уште не постои во Русија.
Коментарот кој доби најмногу лајкови потсетува дека хит телевизиската серија на ХБО „Чернобил“ чија тема е нуклеарната катастрофа од осумдесеттите, почнува со умирање на птици.
Ново на Сител
-
Трамп: Денешниот разговор меѓу Путин и Виткоф постигна голем напредок
-
Јаневска: Учениците и родителите да бидат спокојни, учебници ќе има
-
Новата фудалска сезона во Македонија ќе стартува со ВАР системот
-
Сиљановска-Давкова прими претставници на граѓанската иницијатива „Збогум Буково“
-
Кремљ: Тричасовната средба меѓу Виткоф и Путин беше „корисна и конструктивна“
-
Возило изгоре на паркинг во Велес
-
Контрола на УЈП за фискализацијата, неправилности кај 30 отсто од субјектите, четири затворени
-
Утре сончево со умерена облачност и пораст на дневните температури