Живот
13. May 2016 - 9:52

Апликација на ИД за деца

Исламската држава направила апликација за мобилни телефони со цел децата да го научат арапското писмо.

Процесот за учење е „олеснат“  со помош на џихадистички песни и цртежи од оружје, ракети, муниција, тенкови, мечови со цвеќиња и балони и слични симболи. 

Британски „Индепендент“ пишува дека ИД ветила дека ќе ги научи младите на знаците од нивното писмо. 

Имено, ИД своите борци ги нарекува лавови, а децата „лавчиња на Калифатот“. 

Апликацијата има понежен тон од стандардните пропаганди на ИД - претставена е со светли бои со цртежи на цвеќиња, балони и ѕвезди, со црно знаме во позадина. 

Апликацијата е објавена на каналите на ИД и по се изгледа е достапна само за андроид, пишува „Индепендент“.