Аплицирање за субвенциониран студентски оброк од денеска до 31 јануари
Министерството за образование и наука информира дека од денеска до 31 јануари повторно е достапна можноста за аплицирање за субвенциониран студентски оброк, за студенти кои ги исполнуваат законските услови, но кои досега не успеале да се пријават и / или да го остварат ова право. Оваа можност е достапна од 20-ти до 30-ти, односно до 31-ви во месецот.
Пријавувањето за субвенциониран студентски оброк е дигитализирано, односно се спроведува исклучиво електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/, со прикачување на два документа – пријава и изјава за точност на податоци и наведување податоци за лична трансакциска сметка.
– Субвенционираниот студентски оброк е системско решение уредено со закон, со кое на младите значително им се олеснува животот за време на студирањето односно добиваат по 2.400 денари девет месеци во годината, средства наменети за купување здрави оброци. Право на оваа финансиска поддршка имаат сите редовни студенти запишани на додипломски студии на државни и приватни високообразовни установи кои се државјани на РСМ и кои не се во редовен работен однос, не се регистрирани како индивидуални земјоделци и немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната плата, соопшти МОН.
Правото на субвенциониран студентски оброк досега го оствариле над 27 илјади студенти на кои редовно им се префрлаат средства на личните трансакциски сметки.
Ново на Сител
-
Утре попладне и за време на викендот пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе поднесат интерпелација за Талат Џафери
-
Бесими: МФ не е адресата за протести на синдикатите, ниту институција кога преговара со нив
-
ВМРО-ДПМНЕ: Зошто владини функционери запишани како новинари биле на државен трошок биле во Софија?
-
Бесими: Ребалансот е одговор на кризата, предвидува кратења, но и додавања
-
Украинската армија тврди дека во руски напади се убиени петмина цивили, 12 се ранети
-
Бајден ќе ја номинира Анџела Прајс Агелер за нова амбасадорка на САД во земјава
-
Анкета: Седум од десет Грци се против Русија во војната со Украина