Апелација пресече: Не сме надлежни да одлучиме дали „бомбите“ се докази
Апелациониот суд по неколку месеци се прогласи за ненадлежен во случајот со одлуката за отфрлање на бомбите како доказен матерјал, со образложение дека за тоа е надлежен кривичниот совет на првостепениот суд.
Судиите од апелација, денеска го вратиле предметот во Основниот суд Скопје 1.
Согласно чл. 93 од ЗКП, кој се однесува на издвојување доказ е предвидено дека кога врз некој доказ не може да се заснова судска одлука, судија на претходна постапка, по службена должност или по предлог на странките ќе донесе решение за издвојување на списите најдоцна до завршување на истражната постапка. По подигање на обвинителен акт, решение за издвојување на докази донесува совет за оценка на обвинителен акт. Против ова решение е дозволена посебна жалба по која одлучува повисокиот суд.
Според Апелациониот суд, согласно чл. 443 ст.2 од ЗКП за жалби против решение на судија на претходна постапка одлучува советот од чл. 25 ст. 5 од овој закон, освен ако со овој закон поинаку не е определено. Согласно наводите не постои одредба која би го содржела ваквиот исклучок опредлен во одредбата од чл. 443 ст. 2.
Согласно овие наводи второстепениот суд смета дека не е надлежен за постапување по списите од предметот оформен по повод жалбите на ОЈО – Скопје и истите ги врати на понатамошна надлежност на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, стои во образложението на Апелација.
Ново на Сител
-
30 семејства без вода во домовите во најтоплите денови од годината
-
Муцунски: Сакаме во ЕУ но имаме и црвени линии
-
Фетаи: Кривични за неуставниот попис
-
Расте бројот на странски инвестиции
-
Топлотниот удар го зема ,„Данокот“
-
Недостигаат хотели на брегот на езерото
-
Преглед на вестите од светот
-
75 години Друштво на филмски работници - почнуваат денови на македонскиот филм