Апелација ја укина затворската казна за дедото на малата Тамара - предметот вратен на повторно судење
Апелација ја укина затворската казна од 7,5 години за Љупчо Стојановски, дедото на малата Тамара од Велес, која му беше досудена за обид за убиство на поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров.
Пресудата е недоволно јасна и разбирлива, а во образложението не се содржани доволно причини за решителните факти во однос на постоењето на предметното кривично дело и кривичната одговорност на страна на обвинетиот, пишува во одлуката на апелација.
Второстепениот суд случајот го врати на повторно судење од почеток, а првото рочиште е закажано за 5 декември.
Стојановски се обиде да пука врз Тодоров на денот кога тој требаше да ја предаде министерката функција на 1 јуни минатата година.
Неговата внука, малата Тамара Димовска почина пред повеќе од три години, чекајќи операција на рбетот во странство, за што кривичниот суд води процес против лекарите и членовите на комисијата.
Ново на Сител
-
Арачиновец криумчарел 9 мигранти од Иран во крајслер
-
Вестбрук прв играч во историјата на НБА со 200 трипл-дабл
-
Во Собранието ќе заседаваат три комисии
-
Нова блокада на обвинителството во Нови Сад, туркање меѓу припадници на опозицијата и полицијата
-
Во Кривичен пресуда за велешката група за сексуална злоупотреба на дете
-
Зеленски за Фокс Њуз: Доколку САД ја прекинат помошта Украина ќе ја изгуби војната против Русија
-
Грција зафатена од 24-часовен штрајк поради инфлацијата и барањата за повисоки плати
-
Макрон го повика Путин да се вразуми