Апелација ја одби како носнована жалбата на Јордан Камчев за враќање на пасошот
– Апелациониот суд Скопје ја одби како неоснована жалбата на осомничениот во „Империја“ Јордан Камчев и го потврди првостепеното решение со кое е одбиен предлогот на осомничениот за замена на мерката претпазливост со гаранција.
– Апелацискиот суд донесе решение со кое жалбата на осомничениот Ј. К. од С. изјавена преку неговиот бранител ја одби како неоснована, а првостепеното решение, со кое е одбиен предлогот на осомничениот за замена на мерката претпазливост со гаранција, го потврди, соопшти Апелација.
Од Апелација информираат дека вака донесените одлуки ќе бидат објавени во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движење на предметите во судовите.
Одбраната на осомничениот во „Империја“ бизнисменот Јордан Камчев, образложувајќи ја жалбата за укинување на мерката претпазливост и одземање на патна исправа, на 23 јануари годинава во Апелацискиот суд во Скопје, рече дека понудената гаранција од над 3 милиони евра е многу сериозна, особено што се однесува на враќање на патна исправа, а не на мерката притвор.
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска