Апел за штедење вода, зголемената потрошувачка предизвикува прекини
Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје упати апел до граѓаните за рационално користење на водата за пиење, поради енормно зголемената потрошувачка која надминува 350.000 метри кубни дневно.
Од претпријатието нагласуваат дека ваквото зголемено и неконтролирано трошење на вода, особено во летниот период, сериозно ја нарушува стабилноста на водоснабдителниот систем. Како последица, системот работи со намален притисок, а делови од градот се соочуваат со повремени прекини во водоснабдувањето.
Граѓаните се замолуваат да избегнуваат полевање на тревници и дворови, разладување на улици, како и сите форми на непотребно трошење вода за време на топлите денови.
Воедно, ЈП Водовод и канализација ги повикува скопјани доколку забележат истекување на вода, веднаш да го пријават на телефонскиот број 02 3073 010, преку е-пошта на kontakt@vodovod-skopje.com.mk, или на веб-страницата www.vodovod-skopje.com.mk.
МИА
Ново на Сител
-
Пратениците без нова иницијатива за изборни измени – Собранието со декларација ќе гарантира фер избори
-
Продолжуваат партиските препукувања пред локалните избори
-
Алиу се сретна со Кедев – од 15 септември приватните болници задолжително ќе ги пријавуваат сите прегледи и интервенции во МЗ
-
Голема акција на финансиската полиција: Уапсени 7 лица, едно е во бегство
-
Обвинителството бара притвор за таткото насилник кој претепа двајца млади фудбалери во Штип
-
Македонија увезува работници, македонците на печалба во странство
-
Штафетно нуркање за мир
-
Преглед на вестите од светот