Апел за разум во Македонија на Бискупот Стојанов
Скопскиот Бискуп и Апостолски егзарх, Киро Стојанов, повика на молитва и апел за мир во Македонија, по зголемените тензии како резултат на политичката криза. Бискупот Стојанов посочува дека настаните кои се случуваат се вознемирувачки и претставуваат загрозување на темелните вредности на едно општество.
– Чувствуваме одговорност за животот во нашата Татковина – Македонија. И во оваа пригода истакнуваме дека и како граѓани и како верници повикани сме да ја почитуваме автономијата и суверенитетот на Државата, Уставот и Законите. Живееме со своите различности, но иднината ја градиме заеднички за доброто на сите, иднината што ќе ни донесе мир и сигурност, стои во апелот на Бискупот Стојанов.
-Мирот се раѓа во срцето и во совеста. Мирот е Божји дар, Божји план за човештвото, а немирот се раѓа кога човекот е далеку од Бога. Да се вратиме во Бога, за мирот да се врати во нашите срца, во нашите семејства и во нашето општество. Затоа ги упатуваме нашите молитви до Бога за сите оние кои ја носат одговорноста за заедничкото добро на оваа земја, молиме Светиот Дух да ги просветли и исполни со мудрост и со сила за во мир и низ дијалог, спогодбено да ги носат одлуките за општото добро на сите луѓе. Исто така го повикуваме секој човек со добра волја, да даде свој придонес за мирен соживот и за почитување на неотуѓивите права дадени од Бога, стои во апелот на Католичката црква во Македонија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ
-
17 уапсени за инцидентите
-
ДУИ бара интерпелација на Тошковски - СДСМ лидерска средба
-
Разбојниците вчера од продажен објект на градскиот стадион одзеле 10.000 евра, но на излегување биле уапсени од ЕИП
-
Мицкоски за обвинителите: Нема веќе трпение
-
Приватните превозници се откажаа од блокада, утре продолжуваат да возат
-
Од Нова Година чоколадото ќе биде луксуз, поскапуваат и други берзански производи како маслото и шеќерот
-
Жртвите на семејно насилство во Струмица добиваат куќа за отворено домување