АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Заедно сме посилни. Мајка на две малолетни деца боледува од рак и има потреба од нашата помош
Сите маани и недостатоци што ги имаме како поединци, но и како заедница, сето она што понекогаш нè наведува да се запрашаме дали сè има смисла, паѓа во втор план кога приказната за акциите за помош на оние на кои им е најпотребно ќе биде изнесена. Македонија и целиот регион, многупати се изразувале во вакви ситуации. Тоа се случаи кога сфаќаме дека многу работи сѐ уште имаат смисла, дека живееме опкружени со луѓе во кои има добрина, сочувство и желба да се помогне на другите.
Драгица Митревска Исаиловска е самохрана мајка на две малечки дечиња кои секојдневно и даваат сила да продолжи да се бори и да ја победи злобната болест.
Таа боледува од карцином, кој за жал е во последна фаза.
Поради влошување на здравствената состојба, Драгица апелира до сите луѓе со добра волја да помогнат во согласност со нивните можности за што поскоро да замине во странство на продолжување на лекувањето, бидејќи сите можности за понатамошно лекување во земјава се исцрпени, а времето не и е сојузник.
Со Драгица до победа! Да бидеме хумани!
Да и помогнеме на Драгица!
Телеком: 143 126
НЛБ Тутунска Банка: 210501556749751
Ново на Сител
-
Тема на денот со Епископ Делчевско-каменички Марко
-
Православните христијани денеска го празнуваат Божиќ
-
Честитки од политичарите за Божиќ
-
Сиљановска и Мицкоски на иста линија - Законот за заштита на децата ќе се усогласи со Уставот
-
Мицкоски: Добро е да има стабилна влада во Бугарија
-
Македонија меѓу 5-те најброзрастечки економии во Европа
-
Отровен Божиќ за скопјани - Прв загаден град во Европа, трет во светот
-
Божиќен ручек во Прилеп по 19-ти пат