Македонија
13. March 2024 - 19:42

АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Пожар пеплоса две куќи во Кратово

Велат домот е засолниште од секаков вид на бури, но што се случува кога нема каде да се засолните? Семејствата Лазаревски и Стојановски од Кратово за само еден час останаа без нивните домови, во кои вложувале со децении, откако пожар го зафати покриот на нивната заедничка куќа и ја пеплоса до темел.

Огнените јазици за само неколку минути го уништија се она што двете семејства го градеа со години. Наместо топол дом, останаа само јагленосани ѕидови.

Покривот денеска е заменет со облаците кои надвиснуваат над нивната изгорена куќа. Од мебелот, ѕидовите и покуќнината остана само пепел.

Алиштата кои ги носеле на нив се единственото што е останато откако истрчале од куќата која горела, вели Зоран Лазаревски, кој живее во едниот дел од куќата која изгоре со неговата сопруга и две деца. Ветрот како да му налеал масло на огнот, за неполн час да исчезнат нивните домови. Преку ден ги чистат остатоците од куќата, а навечер спијат кај роднини.

Во другата половина од пеплосаната куќа живеат родителите на Валентина Лазаревска. Двајцата во нивните доцни седумдесети години, гледале пред нивни очи како гори домот каде живееле од секогаш, немоќни да ги спасат спомените.

Најитно им е да ја покријат куќата со плоча, за да ги заштитат остатоците од временски непогоди. Побараа од хуманите граѓани, кој колку може да им помогне пепелта повторно да се претвори во дневна соба, празнината во удобност, а несигурноста во безбедност.

Семејните фотографии и спомените се претворени во пепел. Затоа како нигогаш досега двете семејства имаат потреба од нашата хуманост за повторно да имаат кров над глава.

 

Валентина Лазаревска  тел: 071 708 517

ж-ска: 320500028907242  ЦКБ АД Скопје

 

Зоран Стојановски тел:  070 302 533

ж-ска: 300007082346687 Комерцијална банка