Апел за помош на настраданите во земјотресот во Албанија

Скопје е град на солидарноста, затоа и ние денеска да бидеме солидарни, порача заменик градоначалникот на Град Скопје, Енвер Малиќи на денешната иницијатива покрената од Паркленд групацијата „Преј фор Албаниа-донирај“.
-Секоја помош е добредојдена и е од голема важност да се здружиме сите за една цел, а тоа е да им помогнеме на нашите соседи кои се во неволја, рече Малиќи.
Потсети дека Град Скопје веќе испрати две екипи во градот Драч кој е најпогоден од катастрофалниот земјотрес, како и материјална помош, и додаде дека како бизнисмен и самиот ќе даде пример со своја донација.
Генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити, посочи дека досега од повици на трите мобилни оператори преку линијата 143 400 се собрани 2 милиона 460 илјади денари односно 40.120 евра, а како што кажа, отворена е специјална сметка за солидарност на Црвениот крст.
Тој истакна дека во Драч веќе престанува потрагата по преживеани, бидејќи нема ниедно лице што не се знае каде е и додаде дека сега активностите се треба да се концентрираат на расчистување на последиците од земјотресот. Ги повика граѓаните донациите што ги планираат да бидат во парични средства, но не го исклучи и донирањето на материјални средства, но тие пред се да бидат конзервирана храна, бебешка храна, лекови, вреќи за спиење и ќебиња.
За нив, како што кажа, потребна е посебна процедура за да се транспортираат до Албанија, а парите што ќе легнат на сметката веднаш ќе бидат префрлени преку Црвениот крст на Албанија.
Претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија, Неби Хоџа рече дека веднаш по земјотресот имале состанок со стопанствениците и се мобилизирале и отвориле три пункта во Скопје, Тетово и Струга каде сите заинтересирани можат да донираат.
– Само за првите 24 часа се собрани донации од над 100.000 евра, рече Хоџа.
На настанот беа присутни и многу медиумски личности од естрадата, како и министерот за образование Арбер Адеми.
Претставникот на Црвениот крст донесе специјални кутии за собирање на парични донации за кои заменик градоначалникот Малиќи рече дека се надева дека веднаш ќе бидат наполнети.
Ново на Сител
-   
           Ѓорѓиевски: На 2 ноември масовно да излеземе на гласање и заедно да му го вратиме сјајот и редот на нашето Скопје
-   
           Мицкоски: Темелот е поставен, по изборите почнува фазата на жестока работа и големи резултати
-   
           Талент од Македонија меѓу најдобрите на „Пјер Карден“ во Париз | Марија Роглева | Sitel Podcast 120
-   
           Русија: За да биде потпишан мировен договор, Токио треба да се откаже од антирускиот курс
-   
           Бројот на жртви во полициската операција во фавелите во Рио де Жанеиро се искачи на 121
-   
           Божиновска: Кога жените водат, енергетиката свети посилно – не чекајте дозвола, заземете го вашето место
-   
           По новите докази ФФМ изрече уште една доживотна суспензија за инцидентот на дуелот Беса – Аеродром 2018
-   
           Гордост и успех за македонските студенти! Прием на ФФОСЗ за каратистите и кикбоксерите по меѓународните успеси





