АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Да му помогнеме на младиот Влатко од Скопје

Преку својот Фејсбук профил, нашиот сограѓанин Влатко Мицкоски ја информираше јавноста за болеста со која се соочува и прати апел за помош од сите хумани граѓани.
- Пријатели и пријателки, оние коишто ме познаваат лично и не. Се обраќам до сите вас бидејќи ми е потребна вашата помош повеќе од кога било. Последно да е да треба да си помагаме за вакви работи, но кога дошло мора до крај…Имено, како што веќе знаат некои поблиски луѓе за мојата ситуација, a сега ќе ја споделам и со јавноста, боледувам од опаката болест на 21-ви век на само 23 годишна возраст, бубрежен канцер. Извршена беше операција во јуни 2015 и токму кога мислев дека се’ е завршено, во март оваа година болеста се враќа и метастазира на неколку места, меѓу кои и коските.За да се контролира оваа болест, примам т.н. таргет терапија (Votrient) во вид на таблети и покажува одлични резултати до сега т.е болеста полека се повлекува. Но, оваа терапија не е на позитивната листа на ФЗОМ и ја набавуваме од странство приватно и е многу скапа, чини 2100 евра месечно, сума којашто моето семејство не може да си ја дозволи за набавка на овој лек. Добивав донации од повеќе фирми, но тие беа доволни само за 5 дози кои веќе ги примив досега. Затоа, ве замолувам сите вас во рамките на вашите можности да ми помогнете финансиски колку што можете, стои на Фејсбук.

Податоци за трансакциска сметка:
Влатко Мицкоски
210-5016789882-78
НЛБ Тутунска Банка
Од се’ срце ви се заблагодаруваме однапред, јас и моето семејство!

МАЛМЕД: Бесплатен лек за пациентите со карцином на бубрег
Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), во соработка со Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, согласно програмата за набавка на лекови кои се прва линија за терапија на малигни заболувања, соопшти дека денеска го потпишала договорот со економскиот оператор кој добил во постапката за јавна набавка на лек кој се користи во терапија на метастатски или иноперабилен карцином на бубрег од светлоклеточен тип.
Со тоа, наведуваат од Агенцијата, сите пациенти кај кои е дијагностицирана оваа болест и имаат потреба од овој лек, за десетина дена ќе го добијат бесплатно на Клиниката за онкологија.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Кризниот штаб на Град Скопје целосно мобилизиран по силното невреме
-

Силно невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер го зафати Скопје
-

Уапсен 28-годишник од Неготино, оштетил кафемати и одзел пари од нив
-

Физичка пресметка помеѓу четири лица во скопскиот Градски парк поради одземен телефон
-

Затвореник во Затвор Штип истепал полицаец
-

Руте: Русија и нејзините сојузници се главната долгорочна закана за НАТО
-

Во Шпанија во јуни од екстремно топлото време починале 1.028 луѓе
-

Кавадарчанец загина откако со камион се превртел и паднал во провалија
