Апел од Град Скопје: Користете алтернативни рути додека се реконструира булеварот „Александар Македонски“
Град Скопје информира дека е во тек голема градежна офанзива за изградба и реконструкција на градските улици, па поради тоа граѓаните да ги користат алтернативните приоди и сообраќајници за влез во градот, пред сè поради големата реконструкција на булеварот „Александар Македонски“ во општина Гази Баба.
-Граѓаните можат во Скопје да пристапат преку скопската обиколница, на исклучувањето кај населба Радишани, преку новиот булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ кон општина Чаир, како и на исклучувањата кај населба Визбегово кон Момин Поток и населба Волково кон општина Ѓорче Петров, објаснуваат од Градот.
Реконструкцијата на булеварот „Александар Македонски“ е на потегот од крстосницата со улица 16-та Македонска бригада до пешачкиот мост пред клучката кај Хиподром, која го поврзува овој булевар со автопатот.
-Реконструкцијата се реализира фазно, а на терен истовремено се работат три од вкупно четири фази на реконструкцијата. Булеварот ќе се реконструира во должина од 5.300 метри, што претставува најдолга делница на која Град Скопје работи во моментов, велат градските власти.
Град Скопје уште еднаш апелира до граѓаните да бидат трпеливи и да ги почитуваат новонастанатите услови на патот како и посебните сообраќајни режими со кои се регулира сообраќајот за време на реконструкцијата на булеварот каде ќе се работи деноноќно.
Ново на Сител
-
Зеленски вели дека Кина и доставува оружје на Русија
-
Паднато дрво оштети три автомобили и скина кабли од бандерите кај „Млечен ресторан“
-
Странските студенти во САД масовно поднесуваат тужби против нивна депортација
-
Нетанјаху: Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје
-
Водата во Дебар, пред пиење мора да се преврива
-
Кос-Жељазков: Европската интеграција носи стабилност и безбедност во регионот на Западен Балкан
-
Трамп најави засилени трговски преговори, Кина подготвена за разговори
-
По повод Велигден автобусите од јавниот превоз во петок и понеделник ќе сообраќаат по неделен возен ред